ВИДЕО – Ковачевски: Дали ќе има покачување на минималната плата ќе се разговара низ економско-социјалниот дијалог


Во однос на покачувањето на минималната плата, веќе денеска се организираат Министерството за труд и социјална политика и другите ресорни министерства заедно со вицепремиерот за економски прашања. Тоа е прашање кое се решава низ економско-социјалниот дијалог, рече премиерот Ковачесвки.

„Минималната плата и нејзиното покачување од 9.000 денари на 15.000 денари што ги имаме сега беше направено од СДСМ и владата на СДСМ, така да и заложбата за зголемување на минималната плата на едно повисоко ниво е исто така заложба на оваа Влада. Притоа, треба да се има предвид како и при првичното покачување, треба да се имаат ставовите и инпутите и на синдикатите и на работодавачите и на стопанските комори, бидејќи тоа е дел од еден економски систем и штом ќе се направи таа методологија заедно со сите низ економско-социјалниот дијалог, тогаш ќе го имаме финалното решение кое ќе биде презентирано пред сите, и пред граѓаните и нормално пред работниците.

На таков начин и недела неработен ден беше донесена, тоа беше заложба на владата, таа ја помина дебатата и дискусијата во рамки на процесот на економско-социјалниот дијалог. Беше донесено решение и сега ние имаме 92% од работниците кои не работат во недела, бидејќи треба да има баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот и затоа и овој процес ќе се води на таков начин“, додаде Ковачевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи