57 санкционирани возила за јавен превоз на територија на цела држава, 30 со неисправни сопирачки

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Во текот на вчерашниот ден (23.02.2022) полициски службеници спроведоа акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници, при што санкционирани се 57 возила.

Од нив, 30 поради неисправен уред за запирање, четири поради неисправен уред за управување, како и други видови неисправности.

Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми