Ова се сцени од масакрот на шумата на потегот од Плетвар кон Трајанова чешма. Злосторниците ја „искосиле“ шумата по една од најубавите планинарски патеки во најблиската околина на Прилеп. Во овој див колеж настрадале стотици стебла. Пишува на својот ФБ профил, отец Љупче Петрески, голем љубител на природата и планинарењето.
„Ваквите злосторства МОРА да бидат санкционирани а злосторниците казнети. Но фрапира инертноста на локалната самоуправа и на дел од останатите надлежни по ова прашање. Причините се речиси секому познати – корумпираност и ромски гласови за изборите. Но, до кога така? Со ова темпо, шуми ќе снема за неколку години. Потоа што? Потоа тие нека ве гласаат!!! Г-не градоначалник, се слушаме?!“, пишува Петрески.