Во недела 46-ти „Варошки марш“ до Трескавец – тргнување од пред домот во Варош


В недела 08.01.2023 год. по 46-ти пат се организира традиционалниот Варошки марш до манастирот Трескавец во чест на Илија Шукуроски Акуља. Овој марш е започнат да се организира далечната 1978 од група ентузијасти од Варош со што можи да се забележи како најдолго ораганизиран и најпосетен марш, каде во некои години достигна преку 1.000 посетители.

Патеката е лесна во должина од околу 6 км во еден правец. Се тргнува од пред домот во Варош од 8.00 до 8.15часот се оди низ Заград преку Тетебуле, Штипка, Голема пештера (кој сака), па до Трескавец каде ќе има топло чајче. Храната и ракијата ви е од ранец. За назад кој како сака без обврски. СО ДОБРА МИСЛА СЕ ГЛЕДАМЕ В НЕДЕЛА.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи