Ќе се инсталираат дигитални водомери во Крушево

ЈП „Комуна“ Крушево ќе инсталира дигитални водомери во град Крушево со цел да се подобри водоснабдувањето, а  истовремено да се намалат и загубите на вода.

Во посета на Крушево и ЈП „Комуна“ денес беа претставници на германската агенција ГИЗ во Македонија и Македонски Телеком кој го имплементираат проектот „Дигитална трансформација на јавните водни услуги“. Крушево е избрана како една од три пилот општини кои се вклучени во проектот.

При посетата се направи увид на водоводната мрежа и се креираше план за имплементација, односно инсталирање на водомерите.

„Дигиталните водомери значат дека ќе имам подобра контрола врз потрошувачката на вода и ќе знаеме дали во одредено домаќинство има дефект и сите податоци ќе бидат достапни дигитално и во реално време. Во оваа прва фаза очекуваме да добиеме околу 300 водомери, а „Комуна“ е отворена да го продолжи проектот и во иднина доколку истиот се покаже како ефикасен“, изјави ВД директорката Станка Ефремова Трајкоска по посетата.

На средбата во комуналното претпријатие се потпиша и меморандум за разбирање, а проектот ќе трае до 2025 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира