ВИДЕО – Се верифицираа мандатите на членовите на Советот за млади на Општина Прилеп


На денешната Седница на Советот на Општина Прилеп се донесе одлуката за верифицирање на мандатите на членовите на Советот за млади.

„Ја користам приликата да им честитам и верувам дека со нивната работа и заложба ќе ги креираат не само младинските политики, туку ќе даваат и додадена вредност на работата на Советот на Општина Прилеп. Со формирањето на Советот за млади се исполни и последниот критериум согласно Законот за младинско учество да се формира и тој Младински центар кој треба да го имаме како општина имаме рамка од 5 години од 2020 година, најголем број од чекорите се презедоа во 2022 и еве во 2023 година за формирање на овој Совет на млади и на мое исклучително жалење, морам да спомнам затоа што во секој наврат, на секоја седница на Советот на Општина Прилеп бевме повикувани од опозициската СДСМ дека не сме направиле ништо за формирање на Советот на млади и морам да ја информирам прилепската јавност дека локалните социјалдемократи не делегираа членови, односно не предложија членови во Советот на млади“, истакна Дејан Проданоски, претседател на Совет на Општина Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи