ВИДЕО – Започна Европскиот џудо куп за јуниори/ки во Скопје – одлични борби и перфектна организација


За прв пат во историјата на Македонија во Скопје, во салата „Јане Сандански“ денеска започна одржување на Евроски џудо куп за јуниори/ки кој трае 2 дена. На ова елитно натпреваруње каде се собрани најдобрите европски џудисти од овој ранг се натпреваруваат околу 230 учесници од 29 држави. Европскиот куп денеска официјално го отворија Претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски, Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како и советникот на Европската џудо федерација, Бранислав Црногорац. Беше потенцирано дека ова историски момент и голема чест за Македонија што на нашата Џудо федерација и се додели можноста да биде организатор на еден ваков значаен натпревар, кој согласно неговата традиција во иднина има перспективи и можности секоја година да се организира во Македонија.

Ова е историски момент за нас и за македонското џудо, но и преставува реализација на сите напори и долгогодишни заложби. Значењето на овој момент и овој чин е дотолку поголем, затоа што значи дека со организирањето на Европскиот јуниорски куп станавме признати и препознаени на светската џудо мапа. Европскиот јуниорски куп Скопје 2023 е собир на најдобрите џудисти во јуниорска конкуренција, повеќе од 200 натпреварувачи од цела Европа, меѓу кои и 15 наши македонски репрезентативци ќе ги бранат боите на нашата земја. Сите тие заедно ќе понудат одлични борби и ова е порака до нив: „Драги џудисти, ви посакувам врвни резултати, исполнување на личните амбиции и докажување на официјалните ранг листи. Нека ве води спортскиот дух и вештината во која сте се вложиле и која што ја живеете, затоа што џудото е повеќе од спорт, а ова натпреварување денес е токму тоа. Со вашите резултати се зголемува и вашето влијание за што поголема промоција на џудото како култура и како спорт, посебно меѓу младите, а тоа покрај резултатите што ќе ги постигнете е уште едно ваше наследство“, потенцираше Владимир Трпаноски, претседател на Џудо федерацијата на Македонија.

 

Би сакал во оваа прилика особено да потенцирам неколку суштински моменти карактеристични за спортот и спортскиот дух. Имено спортот, меѓу другото,  од секогаш бил и ќе биде цврст мост на пријателство, соработка, зближување на луѓето од сите меридијани. Но тој, исто така, од една страна претставува мотиватор на сѐ она што значи позитивна компетиција, а од друга страна, пак, е и своевиден воспитно-образовен фактор преку кој, особено кај младите, се гради трудољубивоста, волјата, амбицијата, стремежот кон постојан напредок во секоја смисла. Особено што во рамки на овој Европски куп се одржува и Јуниорски тренинг камп, како дополнителна вредност на натпреварувачкиот дел од Купот“, истакна Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи.

 

Би сакал да им честитам на организаторите, на Македонската џудо федерација за прекрасната организација на џудо кампот и на јуниорскиот Европски куп. Особено благодарност и честитки до претседателот на Македонската џудо федерација, господинот Владимир Трпаноски“, кажа Бранислав Црногорац, советник  на Европската џудо федерација.

Македонскиот тим учествува со 15 џудисти. На денешниот прв ден од натпреварите борбите се одвиваа во тежинските категории – 60, – 66, – 73 во машка конкуренција и -63, -70, -78 и +78 во женска конкуренција.

Нашите репрезентативци согласно ждребот ги имаа следните противници, според кои во машка конкуренција:

-60 кг. Сергеј Димитриоски загуби во првото коло против натпреварувач од Англија, -60 кг.

-60 кг. Игнат Петров во првото коло загуби против натпреварувач од Србија, потоа во второто коло борбата против репрезентивицот од Израел службено ја победи  поради дисквалификација на противникот, а додека во третото коло загуби против натпреварувач од Саудиска Арабија.

-66 кг. Никола Магдески прво коло загуби против натпреварувач од Украина и немаше право на поправна борба

-73 кг. Георгиј Магдески во првата борба оствари одлична борба и ексклузивна победи над противникот од Судиска Арабија со поен Ипон која, победа допринесе за дополнителна позитивна енергија и елан за нашата репрезентација, а додека во второто коло по една тешка борба загуби против натпреварувачот од Босна и Херцеговина и не доби право на понатамошен настап.

-73 кг. Андреј Симоновски загуби во прво коло против натпреварувач од Србија.

Во женска конкуренција пак:

-63 кг. Лилјана Недановска во првото коло победи против противник од Израел, потоа загуби две неизвесни и рамноправни борби против натпреварувачки од Косово и Норвешка со што ги загуби шансите за борба за медал.

-63 кг. Кристина Мантароска загуби прво коло со противник од Хрватска.

+78 кг. Катерина Ацевска во првото коло загуби со противник од Хрватска, и согласно правилата влезе во борба за бронзен медал со противничка од Босна и Херцеговина. Борбата ја загуби и останаа на 5-тото место, со тоа што таа е најдобро пласираниот македонски џудист од денешниот ден.

Лилјана Недановска пак го освои 7 мото место во категоријата до -63 кг.

За утре, во недела на вториот ден од купот спортистите ќе настапат во следните категории: -81, -90, -100 и +100 кг., во машка конкуренција и -48,-52, -57 во женска конкуренција. Македонскиот тим ќе има учество во следните јуниори 100 кг. Каде ќе не претставува Владимир Милчиноски, потоа  јуниорки -48 кг Анамарија Стојмилоска, Теа Настоска и 48 кг Георгина Блажевска. Во категоријата -52 кг Азра Заими, а во -57 кг Ива Богдановска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи