Во Грција почнува распределбата на „Божиќните бонуси“ за домаќинствата

Facebook
Twitter
Email
Print

Божиќни бонуси почнуваат да се распределуваат за над еден милион домаќинства во Грција, односно за околу 30 отсто од населението, јавуваат грчки медиуми.

 

Министерството за финансии одобрило 1.3 милиони молби на домаќинства, а средствата ќе се распределуваат како социјална дивиденда. Вкупната сума е 727 милиони евра или во просек по околу 554 евра за секој кој одговара на критериумите за тие бонуси.

 

Домаќинставта ги добиваат парите по определени категории во зависност од приходите и недвижниот имот.

 

Статистиката регистрирала дека за 11 месеци од годината првичниот буџетски суфицит на Грција е 4,6 милијарди евра и целта е надмината за околу 1,6 милијарди евра.

 

Приходите во буџетот се зголемиле за 517 милиони евра, а лесно е намалено враќањето даноци, како и значително намалени се јавните инвестиции.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи