ВИДЕО – Кузманоска: Ковачевски е досега најнеспособниот премиер кој ја остави Македонија во хаос и со нефункционални институции


Денес во посета на Прилеп на отворање на партиски штаб помеѓу теснопартиското членство доаѓа најнеспособниот премиер, чија влада Македонија ја остави во хаос и со нефункционални институции. Ветувајќи просперитет обезбеди сиромаштија, лоши животни услови и најнегативни резултати од Европската Комисија. Времето во кое Димитар Ковачевски беше премиер е залудно потрошено за граѓаните, тоа е време во кое Македонија доживеа многу порази и неуспеси на сите полиња, истакна на денешната прес конференција Билјана Кузманска, ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

„Автопатот Прилеп – Битола е уште едно од низата лажни, бројни и нереализирани ветувања, карактеристични за владата на Ковачевски. Излажани и изманипулирани беа и земјоделците и тутунарите кои не ја добија ветената помош во ова време на економска криза, а истите беа приморани по ниски откупни цени да ги продаваат своите производи.

Она со кое владата на Димитар Ковачевски може да се пофали е распадот на правосудниот систем, кој ужива доверба од цели 2%. Единствените работи кои бележат раст во Македонија се криминалот, со досега највисокото ниво, и корупција за која добивме и потврда со извештајот на ЕУ.

Се зголемува и бројот на граѓани кои ја напуштаат државата, разочарани од нефункционалните институции. Листата на скандали нема крај, народот бара одговорност за случајот со канцер мафијата на Онкологија, која ја згрози целата јавност. Здравството за време на владеењето на Ковачевски доживеа колапс, а ништо не е подобра состојбата и во економијата, а и во образованието.

Народот бара одговорност и за стотиците милиони евра исплатени за изградба на автопати, кои не се поместени од мртва точка.

Мандатот на Димитар Ковачевски ќе остане запаметен и по протестите на пензионерите, кои беа оставени да преживуваат со минимални пензии во неконтролираниот раст на цените на продуктите и двојно повисоката инфлација од европскиот просек и убедливо најлошиот БДП во регионот.

За време на неговото владеење мафијашките пресметки и палењето возила станаа секојдневие, со кое се соочуваме за жал и во нашиот град.

Почитувани, на следните избори ќе падне во вода лажниот триумфализам и голиот пиар на Ковачевски, преку огромниот пораз кој ќе му го нанесат граѓаните. Во Македонија никогаш не било полошо!

Господине Ковачевски, власта предводена од СДС и ДУИ мора да се промени, бидејќи македонскиот народ заслужува сигурност, заслужува пристоен живот и подобра иднина“, истакна Кузманоска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи