Општина Прилеп апелира да не се сечат гранките од липите во градот

Локалната Самоуправа на Општина Прилеп апелира до сите граѓани да не вршат сечење, кршење на гранки и кастрење на липите кои се на јавна површина и врз кои се врши  нестручна берба на  липовиот цвет .

Уништувањето на јавното зеленило во градот е казниво по закон.

За заштита на липите, во овој временски период, надлежниот  Инспекторат при Општина Прилеп заедно со полицијата ќе бидат на терен и ќе ги санкционираат сите оние кои ќе бидат затекнати на лице место.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира