Јануарска „бомба“: Бонучи се сели во Премиер лигата?

Facebook
Twitter
Email
Print

Капитенот на Милан, Леонардо Бонучи би можел да го напушти „Сан Сиро“ после само шест месеци, тврдат италијанските медиуми. Ваквите вести се се почести во последно време, а како што пренесува италијански „Тутоспорт“, Леонардо Бонучи би можел да се пресели во Премиер лигата веќе оваа зима.

 

„Тутоспорт“ пренесува дека Антонио Конте се обидува да го убеди Бонучи да му се придружи во Челзи уште оваа зима. И минатото лето тој го посакуваше дефанзивецот на „Стефнорд Бриџ“, но Лео се одлучи да остане во Италија.

 

Бонучи летоска требаше да биде главна алка во новиот проект на Милан, но целата таа приказна стана ноќна приказна за „Росонерите“. Милан игра во очајна форма, далеку е од борба за место во Лигата на шампионите, па не е исклучено незадоволниот Бонучи да ја промени средината, бидејќи и навивачите го загубија трпението со него. Освен тоа, Милан би можел да биде приморан да продава играчи поради финансискиот фер-плеј.

 

Во Челзи би бил идеална замена за Давид Луиз, а предност за „сините“ е што има право да настапува во Лигата на шампиони.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци