Николоски: До Нова Година ќе пуштиме во употреба 3 инфраструктурни проекти, меѓу нив и првата фаза од експресниот пат Прилеп-Градско

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Ние во моментов сме единствена држава во регионот која што ќе отвори три инфраструктурни објекти до Нова година, истакна во вечерашното гостување во емисијата “Само интервју” на Канал 5 телевизија, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Тој истакна дека Владата забрзано работи на развој на целокупната инфраструктура и очекува земјата да го забрза економскиот раст со планираните проекти.

“ До Нова година ќе ја отвориме пругата од Куманово до Бељаковце на коридор 8. Потоа ќе го пуштиме во употреба и експресниот пат од Ранковце до Крива Паланка и исто така до крај на годината ќе ја ставаме во функција првата фаза од експресниот пат Прилеп-Градско.  Нема втора држава која ова го постигнала во регионот за ова кратко време”- истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Николоски потенцираше дека сите три проекти биле заглавени и дека нивното завршување за краток временски период е доказ за посветеноста на Владата во развојот на државата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци