Во Небрегово одбележани 103 години од раѓањето на Блаже Конески



Денес на 19.12.2024 година го славиме раѓањето на Блаже Конески, кој е најзначајната фигура на македонскиот 20 век. Филолог, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, преведувач, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, академик и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик.

„Горди смe како Национална Установа Завод за заштита на спомениците и културата и Музеј – Прилеп, што куќата на Блаже Конески е нашето вистинско место – светилиште и духовен простор за нашата опстојба. Испреплетената историја на Конески, поврзана со светецот Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски, кој се слави на овој ист ден е и патрон на нашиот град Прилеп, но и на селската црква во село Небрегово која е посветена на Свети Никола. Пред бистата на Блаже Конески во Спомен домот „Блаже Конески“ во село Небрегово, свежо цвеќе положија: Делегација од локалната самоуправа од Општина Прилеп, делегација од НУ Завод и Музеј-Прилеп, директорката и претставници од ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп“, информираат од прилепскиот Завод и музеј.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи