Со годишната програма за работа во 2025 година поддржана од Министерството за култура и туризам, ЦК „Марко Цепенков“ ќе реализира доста обемна програма, од речиси сите области. Поддржани се проекти од театарската дејност, од музичко сценската и фолклорна дејност, од визуелните уметности, архитектура, во издавачката дејност, а средства се одделени и за инвестиции.
Театарот „Војдан Чернодрински“ ќе реализира три премиери :
- „Три сестри“, од А.П. Чехов, во режија на Дејан Пројковски
- „Ловец во ржта“, според Џ.Д. Селинџер, во режија на Мартин Кочовски
- „Чиста куќа“ , од Сара Рул, режија Тамара Стојаноска
Министерството за култура и туризам додели средства за одбележувањето на 75 години театар „Војдан Чернодрински“ и за гостувањето со претставата „Бура“ на „Shakespeare Fringe festival“ во Верона.
Со поддршка на Министерството ќе се набават и ќе се инсталираат камери во објектите на НУЦК „Марко Цепенков“ и во театарот „Војдан Чернодрински, со цел зголемување на безбедноста на објектите.

Во музичко сценската дејност ќе се реализираат повеќе концерти.
- Концерт на женски камерен хор „Керамија“
- Концерт на духовна музика со црковен хор св. Петка
- Концерт на Трио Џентелмен – македонска рапсодија
- Вечер на творештвото, делото и аранжманите на Драган Ѓаконовски Шпато
- Концерт на дуо хармоника и пијано „Вечер на филмска музика“
- Целовечерен концерт на Toot kvartet „Џез вечер со Клод Болинг“
- Концерт на класична музика на пијано „Дневник“
- Dulcia sonant – фестивал на рана музика во Прилеп
Во фолклорната дејност пари се доделени за следните проекти:
- Концерт на групата „Чалгија саунд систем“ – промоција на нов албум
- Работа на уметничката група октет Прилеп
- Работа на КУД „Моминок“ – возрасни и подмладок
Проектите од областа на визуелна уметност, архитектура и дизајн, се најмногубројни. Ќе се реализираат дури 26 изложби, и ликовната колонија „Марко Цепенков- Дрен 2025“.
- Интернационална ликовна колонија „Марко Цепенков“ – Дрен
- Let’s talk abaut plan(t)s, Baby, автор Елена Димоска Николоска
- „поВРЗИНО“, автор Стефан Анчевски
- Атре (фициелни) факти во проширена реалност, автор Марија Трпеска
- „Јас како уметничко дело празна галерија – ново поглавје, автор Методи Исков
- „Линиска страпиграфија“, инсталација Давид Атанасоски
- „Водени фрагменти“, автор Олгица Антовска
- „Насмеани лица и состојби“ од Емил Солески
- Проект 75 години театар низ фотографии“
- „Круг и град“ од Рафаел Ристовски
- „Топлина, сонце и енергија“, автор Мирослав Живковиќ од Ниш
- „Падот на ангелите“ од Никола Пијанманов
- „Хуманизам и брутализам“ од Синиша Новески
- Работилница за мозаик со млади таленти„ Мозаикот денес“ со Александра Димитрова
- „Булки“ од Милан Темелкоски
- „Рефлексивна привлечност“ од Слободан Милошевски
- „Сувенир“ од Милко Несторовски
- „Украс“ од Марјана Костојчиновска Узунчева
- „Уметност за простор“ од Катерина Деспот
- Трансмутирани души“ од Филип Јовески
- „Модерни и многуоблични“ од Славчо Павлоски
- Годишна изложба на ДЛУП
- „55 години ликовно творештво„ од Боро Арсовски Бабата
- „Мотиви од Хераклеја“ од Панде Петровски
- „Артеизам“ од Владимир Симоновски, Васко Ѓеоргиев, Дејан Макаријовски
- „Пејзажни преображенија„ од Данчо Ордев, Ранѓеловиќ и Владимир Лазоски
- Изложба на дела од ликовната колонија „Марко Цепенков“ – Дрен
Со поддршка на Министерството за култура и туризам ќе се издава и списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“.
Во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се реализрираат и други изложби, концерти и проекти, на кои како институција им е дадена согласност да бараат средства, и добиле од Министерството за култура и труизам.