Прилепскиот театар со претставата „Чиста куќа“ ќе гостува во неколку градови во земјава и во странство

Театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „Чиста куќа“ од Сара Рул, во режија на Тамара Стојаноска ќе гостува во неколку градови во земјава и во странство.

На 4 -ти декември 2025, претставата ќе биде изведена во театарот во Струмица, на 6-ти декември во Велес, а на 13-ти театарот, “Војдан Чернодрински“ ќе гостува во Никшиќ, Црна Гора.

Публиката во овие три града ќе има можност да ја проследи  Чиста куќа“,  претстава што раскажува длабока човечка приказна за животот и смртта, преку пет различни, но меѓусебно испреплетени ликови….  Претставата го истражува ширењето на емпатија и начинот на кој се справуваме со траумите од детството — во нашиот случај, преку вицови, како средство за преживување, бегство и поврзување… Чистењето во претставата не е само физичка активност, тоа е метафора…. Претставата се движи на границата меѓу реалноста и имагинацијата, користејќи елементи на магичен реализам за да ги прикаже емотивните состојби на ликовите, каде вицовите можат да лекуваат и убиваат, а љубовта може да живее и по смртта. Сара Рул, со својот препознатлив поетичен стил ја претвора секојдневната болка во нешто магично, духовито и лековито.  „Чиста куќа“ не е само приказна за чистење простор, туку за чистење на внатрешниот емотивен хаос.

Податоци за претставата:

Драматургија: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска

Сценографија, дизајн на плакат и рекламен материјал: Филип Коруновски

Музички соработник на режисерката: Ана Митоска

Избор на костими: Тамара Стојаноска во консултација со актерската екипа

Фото : Фан продукција Зоран Пилоски

Актерска екипа:

ЛЕЈН – Даниела Иваноска

МАТИЛДА – Наташа Ачански

ВИРЏИНИЈА – Катерина Чакмакоска-Клинческа

АНА – Јасмина Мицовска Станкоска

ЧАРЛС – Димитар Ѓорѓиевски

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира