ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
На ден 14.12.2025 година, Ротари клубот Прилеп, со поддршка на Ротаракт клубот Прилеп и Интеракт клубот „Гимназија Мирче Ацев“ во Прилеп, засадија вкупно 200 медоносни садници (багрем и јасен).
Садниците беа посадени во околината на Манастирот „Св. Никола“ во с. Прилепец, прилепско, по претходна консултација со општинските власти и одобрение од старешините на манастирот.


Садниците беа обезбедени преку Сојузот на ротари клубови на Македонија, во рамките на акцијата за засадување на 6.000 садници на територијата на целата држава.


Станува збор за активност којашто ќе продолжи во наредниот (пролетниот) период и ќе биде пракса на сите наредни раководства на клубот. Ваквата активност нè потсетува на важноста да се грижиме за природата и животната средина. Истовремено, секој ваков собир претставува извонредна можност за дружење и го зајакнува тимскиот дух, но претставува и поттик за реализација на нови проекти преку здружување и акцијаштво.