НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп го издаде  новото издание на „Стремеж“

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп го издаде  новото издание на „Стремеж“ – списание за литература, уметност и култура, втор засебен број за оваа 2025 година на изминување.

„Птицата на копнежот и надежта го зеде во своето клунче семето од плодот кој се роди од корените на стремежот и созреа на гранките од дрвото на мудроста, па полета во потрага по новите духовни сфери каде ќе ја засади својата визија за естетска топлина и културна сонцевина“, вели Александар Војнески, главен и одговорен уредник на Стремеж.

На своите страници „Стремеж“ година 71, број 2, за 2025 година донесува поезија, проза, драма, препеви и преводи, критики и есеи, и дел посветен на ликовната уметност:

  • Коста Бојчески – „Чудесен лек“ (драма, целосна верзија)
  • Јанис Кесаридис – „Сотирис и Маријанти“ (расказ, превод од грчки јазик Марија Думба)
  • Ѓоко Здравески – кратки раскази (избор)
  • Георги Господинов – избор песни од збирката „Таму каде што не сум бил“ (препев Никола Маџиров)
  • Бранислав Николов – песни (избор)
  • Петар Чухов – „Безопасни игли“ (хаику, избор и препев – Владимир Мартиновски)
  • Избор песни од пет грчки поети/поетеси (Јанис Рицос, Тасос Ливадитис, Марија Полидури, Торис Никифору, Катерина Гогу) – препев на македонски јазик на Сотирис Минас
  • Марина Мијаковска – песни (избор)
  • Сергеј Есенин – пет песни и пригодна белешка по повод 130 години од раѓањето и 100 години од смртта (препев од руски јазик и текст – Елена Карпузовска)
  • Разговор на Иван Антоновски со Сотирис Минас
  • Александра Огнаноска – „Кон творештвото на вечниот оптимист Билјана Црвенковска“
  • Љупчо Михајлоски – Хармонично многугласие: Интермедијално патување низ географијата и емоциите (рецензија на книгата „Талкање низ емоции и држави“)
  • Роберт Конески – „Христијанско-етичките аспекти на циклусот ‘Проложни_житија’ на Блаже_Конески“
  • Огист Роден – „Аманет“ (до уметниците) – превод Александар Еленин

Списанието за литература, култура и уметност „Стремеж“ се отпечати со поддршка на Министерството за култура и туризам.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми