„Направи добро дело“ – крводарителска акција на 18.02. организирана од Извидничкиот одред Феникс од Прилеп



По повод 22 февруари – Денот на извидниците, во Одделение за трансфузиологија при ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ во Прилеп од 9 до 13 часот под мотото „Направи добро дело“ Извидничкиот одред Феникс од Прилеп ја организира веќе традиционалната крводарителска акција.

Акцијата се организира на овој ден во чест на основачот на извидништвото, Лорд Роберт Баден – Пауел.

Акцијата е наменета за сите хумани луѓе постари од 18 години. Оние кои ќе даруваат крв задолжително да понесат и лична карта.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира