На 07.04.2026 во 18:45 часот во угостителски објект на ул.„Александар Македонски” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода З.К.(37) од општина Кривогаштани, Д.Ш.(35), П.К.(53) и Ј.С.(32), сите од Прилеп, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка.
По документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава.