Втора победа на прилепските ветерани во одбојка, со 2:0 во сетови ја победи екипата на Струмица


Во второто коло од одбојкарската лига на ветерани одиграно во Тетово екипата на „11 Октомври“ се сретна со екипата на Струмица. Со дисциплинирана игра прилепчани ја осигураа победата со 2:0 во сетови (25:18, 25:15) и сега имаат две победи од два натпревари и со тоа се во самиот врв на табелата.

На денешниот натпревар екипата на 11 Октомври ја сочинуваа: Жарко Илиески, Теодор Ангелески, Димитар Стрезоски, Мартин Наумоски, Илија Милошевски, Александар Савиноски, Гоце Бурнески и Атанас Николоски.

Во третото коло нашата екипа е слободна, а во четвртото коло играат против фаворизираната екипа на Шкендија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира