ВИДЕО – Бумбароски : Челниците од СДСМ во Прилеп свесни за изборниот пораз масовно бараат прибежиште во јавните претпријатија

Како што наближуват изборите на 12-ти април, така се зголемува стравот и паниката кај челниците од СДСМ. Свесни за големиот изборен пораз кој ги чека, деновиве во паника бараат прибежиште во јавните претпријатија и локалната самоуправа, со цел да продолжат да живеат на грбот на граѓаните. Истакна на денешната прес конференција Гоце Бумбароски, член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Кристијан Пиличев кој најпрвин директоруваше со Домот за стари лица, а потоа и со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Прилеп, сега се вработил како раководител на сектор за човечки ресурси во ЈКП Комуналец.

 

Викторија Јовческа, која претходно работеше во Министерството за транспорт и врски, сега е вработена во Општина Прилеп како заменик раководител на Секторот за убранизам, замислете, дипломиран економист, заменик раководител на урбанизам. Истата е сопруга на командирот на прилепската полиција Кире Јовчески.

 

Нови работни места имаат и прилепските кадри Магдалена Лазоска и Валентин Божиноски. Лазоска во Комуналец, а Божиноски во Завод и музеј.

 

Инаку, Магдалена до вчера беше вработена во УЈП. Но заради тоа што не можеле да и дадат решение на неопределено време, сега ја вработуваат во ЈКП Комуналец.

 

И не застануваме тука. Винета Јованоска, сопруга на поранешниот директор на ЈКП Комуналец, Ѕвонко Јованоски, е вработена во истото претпријатие. Нејзиниот сопруг пак, сега работи на измислено работно место како координатор на јавните претпријатија во Општина Прилеп.

 

Прашуваме, дали Пиличев, Лазоска, Божиноски и Спиркоска се вработени на неопределено време во Комуналец и во Завод и музеј со цел да си ја обезбедат иднината, а во меѓувреме повторно ќе бидат ангажирани на старите работни места?

 

Се уште немаме добиено одговор и за тоа дали директорката на ЈП за ПУП, Мери Цветаноска најде свое засолниште и сега е вработена во Водовод и Канализација?

 

Ова се само неколку примери кои на виделина го покажуваат целото лицемерие на власта од СДСМ. Функционерите и нивните роднини можат до бескрај да се вработуваат и да менуваат работни места. За нив е важен само сопствениот џеб, а обичните граѓани и членови на партијата можат само да сонуваат за вакви придобивки.

 

Од друга страна пак, продолжува да цвета непотизмот, кој ја покажува незаситноста и аздисаноста на СДСМ.

 

Почитувани, баш вака работи СДСМ и вака изгледа нивното владеење кое ги отсликува изминативе 3 години. Вака изгледа злото на кое мора да му се стави крај!

 

Затоа на 12-ти април ве повикуваме сите, Македонија мора да расчисти со оваа башибозук дружина на чие чело е Зоран Заев“, додаде Бумбароски.

 

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира