Авторскиот тандем Марјан Беџоски и Никола Димески повторно се закитија со три награди на 55-от Државен фестивал на непрофесионален филм на Македонија. кој се одржа во општина Босилово.
„Нашите филмови се базирани на автентични настани, првиот филм е насловен „Прилепчанецот што ја менуваше историјата – Али Фети“ и истиот е посветен на првиот премиер на Турција, а вториот филм е насловен „Духот на францускиот војник“ исто така поврзан со вистините настани од селото Беровци. Филмот за Али Фети доби две златни награди, а „Духот на францускиот војник“ една сребрена плакета“, истакнаа добитниците на наградите Марјан Беџоски и Никола Димески.
Беџоски и Димески со овие филмови ќе учествуваат на престижниот Меѓународен фестивал UNICA 2027.