Џеват Адеми од ДУИ, како еден од авторите на Законот за јазици, кој тој го нарекува и Закон за употреба на албанскиот јазик, се закани во емисија на Алсат-М, дека сите што нема доследно да го спроведат Законот, ќе бидат казнети. Еднаш, два пати, три пати, по џебот, па да видите како ќе го спроведуваат, -рече Адеми.
Тој жестоко го критикуваше претседателот Иванов, затоа што ставил вето на законот, нарекувајќи го неважен , и му порача дека за две три недели, доколку Комисијата за спроведување на законот утврди дека институцијата со која раководи, не го спроведува законот, тој ќе биде казнет.