Практиканството ќе се регулира со посебен закон

Facebook
Twitter
Email
Print

Практиканската работа во моментот е регулирана само преку законите за средно и за високо образование и има потреба од донесување на закон за практиканство со кој би се регулирале условите под кои треба да се развива овој сегмент.

 

Од стопанските комори во Македонија посочуваат дека еден од проблемите со кои се соочуваат е токму непостоењето на посебен закон за практиканство и како во моментот е регулирана практиканската работа во државата.

 

„Главниот проблем произлегува од тоа што практиканската работа во моментот е регулирана само преку законите за средно и за виско образование каде е задолжително, а во сегментот на работните односи, тоа не е конкретно регулирано, и со самото тоа се отвара можност за злоупотреба и неусогласеност од двете страни. Треба да се разграничат условите под кои ќе се развива практиканството“, вели Тамара Тодоровска од ЕПИ Центарот, кој заедно со стопанските комори и со поддршка на УСАИД од денеска почнуваат со инфо сесии за подобра бизнис регулатива.

 

Според Тодоровска, веќе е формирана работна група предводена од Министерството за труд и социјална политика, која работи на изготвување на работна верзија на предлог законот за практиканска работа.

 

Информативните сесии кои почнуваат да ги спроведуваат се со цел да се детектираат пречките со кои се соочуваат компаниите при имплементација на законите и да се подготват мерки со кои ќе се подобри бизнис климата. Како проблем со кои се соочуваат компаниите се посочува и честото менување на законите.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи