Македонија домаќин на СП 2019 во кадетска конкуренција!

Facebook
Twitter
Email
Print

Високи претставници на ИХФ во изминатите два дена беа во Скопје, каде по извршената инспекција, ги потврдија нашите две најголеми арени како домаќини на натпреварите на кадетското СП во 2019 година.

 

Данецот Пер Бертелсен, претседател на Комисијата на ИХФ за организација на настани и натпреварувања, заедно со Полјакот Марек Горалчук, кој е член на Комисијата, во изминатите два дена ги разгледуваа условите во спортските сали и сместувачките капацитети во нашиот главен град, по што беше утврдено дека кадетското СП ќе се игра во Скопје.

 

По успешно минатата инспекција на нашата земја како организатор на големото натпреварување, во наредниот период ќе следува дефинирање на точните датуми за одржување на шампионатот, за кое засега е познато дека ќе се игра во текот на летните месеци во 2019 година. На Светското првенство за кадети (до 17 години) ќе учествуваат вкупно 24 репрезентации, што ќе бидат поделени во 4 групи од по 6 репрезентации.

 

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) доби висока оцена за подготвеноста да организира настан од овој калибар, што претставува и одлична препорака и во однос на сите слични настани во иднина.

 

Последен пат РФМ и Македонија организираа СП во 2014 година, тогаш за кадетки, а во меѓувреме нашата земја постојано е домаќин на големи натпреварувања на континентално ниво. Во периодот од 20 до 29 јули 2018 година, во нашиот главен град ќе се игра и ЕХФ Шампионатот за ракометари до 20 години.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи