Потрагата по исчезнатиот авион од летот „МН370“, на малезиската авиокомпанија, „Малезија ерлајнс“, завршува во вторник, на 29 мај, рече новиот министер за сообраќај на Малезија, Ентони Лок.
„Утрово го изнесов ова прашање и се согласивме потрагата да продолжи до 29 мај“, рече Лоук пред новинарите.
Американската компанија „Оушн инфинити“, со седиште во американскиот град Хјустон, ја спроведува потрагата по авионот што исчезна на 8 март 2014, додека сообраќаше на летот од Куала Лумпур кон Пекинг.
Станува збор за една од најголемите светски миsтерии во авиосообраќајот. Во малезискиот боинг се наоѓаа 239 патници и членови на екипажот.