Рација во четири земји поради нереди за време на Самитот Г20

Facebook
Twitter
Email
Print

Полицијата во Хамбург соопшти дека властите во Италија, Шпанија, Франција и Швајцарија од утрово спроведуваат рација во рамки на истрагата за нередите за време на минатогодинешниот Самит Г20, одржан во тој германски град.

 

Полицијата не изнесе детали за рациите, но соопштено е дека француските власти трагаат по осомничен маж, по кого е распишана потерница.

 

За време на минатогодинешниот Самит Г20 во јули во Хамбург, во текот на три ноќи се одржуваа протести против глобализацијата, кои преминаа во нереди.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира