Од денеска сите владини згради во јужната германска провинција Баварија се должни да го постават христијанскиот симбол – крст, на влезните зони.
„На научните и културните згради како универзитети и музеи и театри се препорачува да стават крст на влезовите. Таа наредба важи за сите згради што се под управа на Министерството со исклучок на колеџите, театрите и музите, за кои тоа е само препорака, изјави портапрол на баварското Министерство за наука.
Сепак, таа не одговори дали ќе има казни за оние институции кои нема да ја почитуваат наредбата.
Законот е воведен од новиот премеир на провинцијата Маркус Зодер и беше предмет на политички спорови.
„Крстот е основен симбол на нашиот баварски идентитет и начин на живот. Тој упатува на основните вредности како што се добротворни цели, човечко достоинство и толеранцијa”, изјави на прес-конференција во Баерн државниот премиер Зодер во април, кога беше објавен новиот закон, по што излезе и прикова крст на ѕидот во фоајето во на Баварската државна канцеларија.
Католичката црква има силно влијание во таа провинција, каде на власт се конзервативците Христијанскосоцијалниот сојуз, сестринска партија на ХДС на канцеларката Ангела Меркел.