На полетиштето на Мечкин Камен во Крушево се поставува нова професионална вештачка трева која ќе ги подобри условите за одржување на многу национални, меѓународни, Европски и Светски првенства во параглајдинг и змејарство.
Деновиве јавното претпријатие „Комуна“ е на терен и работи на поставувањето на новата вештачка трева.
Вештачката трева општина Крушево ја набава во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и истата чини 1 200 000 денари.