Јапонија прогласи природна катастрофа откако 80 лица починаа од топлотниот бран

Facebook
Twitter
Email
Print

Јапонија прогласи состојба на природна катастрофа откако во топлотен бран со висока влага во Јапонија во последните три недели настрадаа 80 лица. Околу 35.000 лица побараа лекарска помош, од кои 22.000 се префрлени во болница, соопштија денеска во Токио.

 

 

Метеролошката служба наведе дека тоа е топлотен бран без преседан и дека може да се смета за природна катастрофа. Предупредуваат дека нема најави за подобрување на ситуацијата и најавуваат дека температурите од над 35 степени би можеле да продолжат до средина на наредниот месец.

 

Портпаролот на Националната метеоролошка агенција изјави дека во некои области се забележани досега невидени нивоа на жештина.

 

Во понеделникот, во градот Кумагаја се измерени 41,1 Целзиусов степен, што е највисока температура досега регистрирана во државата. И во централно Токио температурите биле над 40 степени, што, исто така, е прв таков случај досега.

 

Рекордната температура оваа година предизвика и загриженост зошто Олимписките игри во 2020 треба да се одржат во Токио среде лето од 24. јули до 9. август.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи