Северна Кореја ги демонтира објектите за лансирање балистички ракети

Facebook
Twitter
Email
Print

Сателитски снимки покажуваат дека Северна Кореја почнала да ги демонтира клучните објекти за развој на мотори за балистички ракети. Тоа претставува прв чекор кон исполнувањето на ветувањето дадено на американскиот претседател Доналд Трамп.

 

Последните снимки покажуваат дека се работи на демонтирање на постројкaта во Соха, од која ги лансира ракетите што се наоѓаат во северозападниот дел на земјата.

 

Трамп на прес конференцијата по средбата со јужнокорјескиот лидер Ким Џонг Ун на 12 јуни изјави дека Ким му ветил оти наскоро ќе ги урне објектите за тестирање ракетни мотори.

 

Сепак според неодамнешните извештаи на американската разузнавачка агенција Пјонгјанг можеби тајно продолжува со својата програма за оружје. Според овие извештаи Северна Кореја го надградува местото за нуклеарно оружје во Јонгбјон и го проширува збогатувањето на други тајни локации. Овој извештај не е официјално потврден.

 

Покрај тоа Пјонгјанг во последниве неколку месеци се префрли на проектили со цврсто гориво кои можат да бидат лансирани од мобилен фрлач со речиси никакво претходно предупредување, поради што станицата за лансирање е непотребна.

 

Во последните две години Северна Кореја забрзано ја надгради својата нуклеарна програма и тврди дека развила интерконтинентална балистичка ракета која може да стигне до САД.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи