Во големата сала на Домот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп синоќа целовечерен концерт одржа етно составот МОНИСТРА. Целта на етно составот „Монистра“ е изучување, негување, чување и презентирање на најубавиот дел од културното наследство на Македонија, а тоа секако е македoнската изворна музика.
Почетоците датираат уште од 1992 година кога членовите на составот стануваат дел од КУД„Цветан Димов“ од Скопје. Сите се музички образовани, а нaстапувале и на Фестивалот на изворни инструменти н песни „Пеце Атанасовски“.
Еве дел од прекрасната атмосфера од концертот.