ВИДЕО – РИСТЕСКИ : Пазарот во Прилеп ќе произведува електрична енегија и ќе добие нов и европски лик

Кандидатот за градоначалник за Прилеп на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Марјан Ристески, на денешната прес конференција истакна дека во иднина се планира пазарот во Прилеп да произведува електрична енергија е дека ќе добие нов и европски лик.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Во периодот од 2005 год па до 2016 година во ЈКП „Пазари“ беа инвестирани 25.000.000 денари  со кои Јавното комунално претпијатие обезбедени современи услови за работа

 

Во изминатиот период беа реализирани следните проекти:

 

  • Покриен е централниот градски пазар каде се продаваат зелени производи,

 

  • Поплочен е стариот градски пазар со бекатон плочки,

 

  • Избушен е бунар на длабочина од 40 метри од кој се мие површината во внатрешноста на пазарот со техничка вода,

 

  • Извршена е реконструкција на целокуната водоводна мрежа во рамките на пазарот,

 

  • Поставен е лед-дисплеј на влезот од пазарот на кој граѓаните ќе можат да ги следат сите активности на пазарот,

 

  • Осветлен и покриен е целиот текстилен пазар,

 

  • Изградени се нови деловни објекти на местото на старите и руинирани објекти на просторот околу зелениот пазар и многу други објекти

 

  • Се поставија нови подземни контејнери за прв пат во историјата на Прилеп

 

Во новата програма предвидуваме :

 

  • Пазарот во Прилеп во иднина ќе произведува електрична енергија. Тој ќе биде покриен со фотоволтаични панели кои ќе бидат поставени на површина од 1.000 м2 и ќе произведуваат електрична енеригија од 130 киловати на час. На пазарот му се потребни само 10, што значи со остатокот може да се осветлува целата стара чаршија. Со што во иднина ќе се заштедуваат трошоци за електрична енергија како за пазарот така и за централното градско подрачје.

 

  • Реновирање на стари дуќани на потегот околу текстилниот пазар со површина од 200 метри квадратни

 

  • Ќе се допокрие и преостанатиот непокриен дел од пазарот во површина од 200 метри квадратни.

 

  • Ќе се заменат постојните светилки за осветлување во пазарот со штедливи и поефикасни лед светилки

 

  • Посебен дел од пазарот ќе биде наменет за продажба на сертифицирана органска храна

 

  • Посебен дел од пазарот ќе биде наменет за продажба на занаетчиско –слаткарски производи

 

  • Со електрични возила ќе се врши дотур на стока до тезгите на закупците и дуќаните во центарот на градот

 

  • Реновирање на просториите на Управната зграда на ЈКП ,,Пазари“ –Прилеп.

 

 

Прилеп го има еден од најуредените и најубави пазари во Македонија. Со сите овие нови проекти во наредните 4 години Прилеп ќе го има првиот економско-енергетски ефикасен пазар по примерот на сите европски центри.

 

Гласајте за број 13, гласајте за Прилеп да продолжи да биде трговски центар во југо-западниот дел на Македонија !“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи