Петкоски : Свесен ли е директорот на прилепската болница за ризикот од ненавременото набавување на заштитна опрема?

Во време кога целиот свет е во страв од најновиот коронавирус и кога илјадници луѓе се заразени, а стотици дневно го губат својот живот, прилепската болница нема доволно заштитни маски. Истакна на денешната прес конференција Влатко Петкоски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

„Директорот на болницата која опслужува над 100.000 потенцијални пациенти од Прилеп и соседните општини, во време кога на светско ниво е прогласена пандемија, им наредува на докторите и медицинскиот персонал да штедат на заштитни маски. Свесен ли директорот на прилепската болница, Драги Богојески, на каков ризик ги изложува своите колеги, поради неговата негрижа навремено да набави заштитна медицинска опрема?“, истакна Петкоски.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи