22 нови случаи на коронавирус во Македонија, вкупниот број се искачи на 136 заболени

 

 

Нови 22 случаи на зболени од коронавирус во Македонија. Со тоа вкупната бројка на заболени во послендото деноноќие се искачи на 136, од кои 1 излекуван и 2 починати.

 

Според местото на живеење, досега 81 случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје, 40 во Дебар (од кои еден починат), седум во Штип, три во Куманово (од кои еден починат), по двајца пациенти во Кавадарци и во Охрид и едно лице во Гостивар.

 

Министерството за здравство претходно соопшти дека ноќеска на Инфективната клиника почина 63-годишен маж од Дебар кому нагло му се влошила состојбата, а завчера почина и 57-годишна жена од Куманово. Обајцата претходно немале ниедна хронична болест која можела дополнително да ја искомплицира состојбата.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи