Во Прилеп денеска нема новозаболени од коронавирус, а еден пациент оздравел од заразната болест

Во општина Прилеп денеска нема новозаболени од коронавирус, а еден пациент оздравел од заразната болест.

 

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 12 лица, од кои 10 се позитивни на коронавирус. Во делот за изолација се наоѓаат двајца пациенти, кои се негативни на КОВИД-19.

 

Во самоизолација се наоѓаат 65 лица, а во последните два дена на 13 граѓани им се изречени прекршочни казни за неносење заштитни маски.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи