ФОТО ГАЛЕРИЈА: Манастирот „Света Недела“ во село Стровија


Манастирот Света Недела во селото Стровија е вистински мал рај. Темелите за манастирската црква се осветени на 28 април 1968 година, на празникот Томина недела. Црквата, пак, осветена е на 2 мај 1976 година. Чинот на осветувањето го изврши Пелагонискиот епископ Ангелариј.

 

Новоосветените темели на црквата се сметаат за остатоци од стара манастирска црква, посветен на истата великомаченичка, за кој нема податоци кога е урнат, но сигурно во почетокот на Османлиското ропство.

 

Остатоците од древната црква, која се наоѓала покрај брегот на тогаш бујната Стровиска река, денес можат да се лоцираат во низините, така што денес од неа е загубена секаква трага. Единствено нешто, кое асоцира на дамнешните времиња, е една мала чешма, на чија вода се припишува чудотворно дејство и носи име по манастирската црква.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи