Пред почетокот на учебната година општина Крушево врши дезинфекција во сите училишта на територија на општина Крушево.
„Вршиме дезинфекција во ОУ „Никола Карев“, подрачните училишта, средното училиште „Наум Наумовски Борче“ и ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во с. Бучин за да обезбедиме безбедна средина за учење. Продолжуваме да работиме на оспособување на здрава и функционална средина за учениците да можат да продолжат непречено со своето образование“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.