Поради штрајк на грчките царински служби денеска ќе биде во прекин сообраќајот на државната граница помеѓу Република Македонија и Република Грција. Границата ќе може да ја поминат само пешаци.
Како што соопштија од МВР, на граничниот премин Богородица прекинот ќе биде 24-часовен, почнува денеска во 6 часот, исто како и на граничниот премин Меџитлија, каде прекинот е најавен од 6:30 часот.