Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 17 до 23-ти ноември, во општина Прилеп имало 425 нови случаи на коронавирус.
Од последици на коронавирусот, починале 18 лица. Бројот на активни случаи изнесува 965.
811 лица се наоѓаат на домашно лекување, 107 на болничко, а 47 се лекуваат во дневната болница. На кислородна поддршка се наоѓаат 53 пациенти.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 1.164 лица.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 2.608. Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починале 114 лица.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/Matador-banner-300-149.jpg)