Работодавачите имаат обврска до крајот на 2020 година да исплатат К-15 за вработените во приватниот сектор. Минималниот износ кој треба да се исплати оваа година е 10.884 денари.
Сумата е утврдена врз основа на податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, а основен услов кој треба да се исполни одреден вработен да добие К-15 е најмалку 6 месеци да работи во календарската година кај ист работодавач.
За работодавцачите кои нема да дадат К-15 или пак ќе го побараат назад од вработените, следат парични казни до 4.000 евра.
И покрај тоа што има економска криза поради пандемијата со коронавирус, од Сојузот на синдикатите на Македонија очекуваат и оваа година работодавците да ја исполнат обврската за исплата на К-15 како што е предвидено со колективните договори.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/Matador-banner-300-149.jpg)