ВИДЕО – Стопанска комора: ЕУ се врти кон Западниот Балкан, бизнисмените максимално да го искористат ова

Европа полека се врти кон Западниот Балкан и ја напушта монополската зависност која што ја имаше од кинеското производство. Период кој доаѓа ќе биде наша шанса и можност да се реализираме на пазарот во ЕУ. Ова е ставот на Регионалната стопанска комора од Прилеп од каде велат дека и покрај пандемијата 2020 прилепското стопанство ја поминало добро. Најголем дел од компаниите имале раст или биле на ниво како лани. Сега требало подготвено да се дочекаат предизвиците коии следувале за освојување на европскииот пазар.

 

 

„Сега ние ќе се соочиме со еден нов предизвик колку сме способни да инвестираме во нашите капацитети се со цел да можеме да бидеме достоинствени добавувачи за потребите на пазарот на ЕУ. За тоа пред и се треба многу знаење, пари, технички и технолошки раст. Можеби најголемата помош која може да ја даде државата е точно поставување на фокусот во образованието, едукацијата на корпоративното работење ии технички технолошкиот раст“, истакна Ирена Јакимоска, претседател на Регионална стопанска комора – Прилеп.

 

Од прехрамбената индустрија велат дека првите месеци од 2020 биле тешки, но потоа пазарот се отворил и се надеваат да ја завршат годината без загуби како и 2019. Во 2021 очекуваат поголема соработка со странските инвестиции во ТИРЗ зоните.

 

„Очекуваме да имаме подобра соработка, да се отворат и да најдат супститут на увозните суровини и репроматеријали кои ги увезуваат од странство да ги побараат од нашите домашни капацитети“, изјави Сашо Наумоски, прехрамбена индустрија.

 

Најтешко во 2020 поминала градежната индустрија, од каде велат дека не добиле ниту соодветна помош од државата. Се пожалија дека капак на се било лошото работење на Општина Прилеп околу издавањето на градежните дозволи.

 

„Многу тешко доаѓаме до одобренија за градба, многу тешко доаѓаме до она што законски е регулирано дека треба да го добиеме.Она што треба да го добиеме за 3 дена ние го добиваме за 3 месеци. Тоа е катастрофа. Мора да признаеме дека ние сме Општина која се наоѓа во најлоша позиција во оваа сфера“, вели Гордан Бошкоски, градежна компанија.

 

Очекувањата на целиот бизнис сектор е дека пандемијата ќе заврши на почетокот од 2021 и дека и Македонија и светот полека ќе се враќа во нормала.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи