Додека претседателот на Франција Емануел Макрон разговарал со тројца француски функционери во својата канцеларија во Елисејската палата, во просторијата се појавил неговиот домашен миленик, лабрадорот Немо, и почнал да уринира покрај каминот.
Реакцијата на кучето предизвикала смеење помеѓу присутните.
„Се прашував откаде доаѓа таа врева”, прокоментирала секретарката.
Еден од присутните го запрашал Макрон дали ова често се случува?
„Не, предизвикавте потполно необично однесување кај моето куче”, рекол Макрон, смеејќи се на настанатата ситуација.