Денеска на граничниот премин „Деве Баир“, при контрола во автобус, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции откриле 30 лажни ПЦР-тестови за Ковид-19. Турата била организирана од туристичка агенција од Скопје, а крајна дестинација била Бугарија.
„Полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции откриле 30 ПЦР тестови за ковид-19, за кои постои основано сомнение дека не се валидни, односно дека не се извадени од овластена медицинска установа. Тестовите биле приложени од патниците и по направени дополнителни проверки, биле одземени“ велат од Министерството за внатрешни работи.
„По проверката, од слобода биле лишени двајца албански државјани и биле изведени пред судија на претходна постапка. За останатите 28 патници – македонски државјани ќе бидат направени дополнителни проверки и против нив ќе бидат поднесени пријави до Основното јавното обвинителство по член 206 и член 378 од Кривичниот законик“ соопштува МВР.