Македонските граници остануваат затворени за бегалците

Facebook
Twitter
Email
Print

Новата македонска влада нема намера да ја смени политиката на затворени врати кон бегалците. Ова во изјава за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ го истакна министерот за надворешни работи на Р. Македонија, Никола Димитров.

 

Она што останува како дилема, пишува весникот, е како новиот премиер Заев ќе се однесува кон граничната ограда изградена во 2016 година од неговиот претходник Груевски.

 

„Македонија е одговорен и веродостоен партнер партнер на ЕУ и понатаму ќе прави сѐ што е во нејзина моќ, за да ја држи затворена Балканската рута. Тоа е во интерес на Македонија, на Европа и на мигрантите, кои најмногу страдаа во хаотичната и несредена ситуација во 2015 година. Скопје ќе продолжи, со помош на полициите од повеќе ЕУ држави, да ја штити македонската граница“, вели Димитров за ФАЦ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи