На 28 април во земјава ќе стигнат 200 илјади кинески вакцини, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека веста ја добил утрово од Кинеската амбасада во земјава.
„Со оглед на тоа дека поголема пратка на вакцини која ја очекуваме е од Кина, се планира масовна вакцинација и во повеќе градови освен во Скопје, и тоа во објекти во: Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово, кои ќе ги покријат и околните градови“, рече Филипче.
182