Според многумина експерти во светскиот фудбал, ПСЖ во овој момент го има најударното и најубиствено напаѓачко трио меѓу фудбалските гиганти на стартиот континент, но француските медиуми потпрени на статистичките бројки кои ги извлекоа по 12 одиграни кола во Лига 1 дојдоа до заклучок дека сепак има едно трио кое е подобро и поефективно од фамозното на „светците“.
Имено, станува збор за тројца играчи кои всушност исто така се натпреваруваат во фрнацуската Лига 1, а тоа всушност се тројцата напаѓачи на Лион, Фекир, Маријано и Депај. Со уверливата победа во дербито со Сент Етјен (0:5), Лион успеа да се искачи на третото место на табелата, а статистиката вели дека тројцата најофанзивни играчи на овој тим имаат подобри бројки од Нејмар-Мбапе-Кавани триото.
Триото кое вреди повеќе од 500 милиони евра во овој момент има заеднички постигнато 24 гола, додека Фекир, Маријано и Депај се подобри за два што всушност ги прави најдобро и најударно трио во европскиот фудбал со 26 погодоци (Фекир 11, Маријано 9 и Депај 6 гола). Нивната статистика е уште позавидна ако се земе во предвид дека тројцата голгетери на Лион се „виновни“ за 81.25% од головите, односно останатите играчи на Лион имаат постигнато само шест гола, па со ваквиот процент воедно се и највлијателното трио во Европа, на кое покрај Нејмар, Мбапе и Кавани, можат да подзавидат и останатите од стариот континент.
Само за споредба, Агуеро, Жесус и Стерлинг имаат постигнато меѓусебно 22 гола за Манчестер Сити, а од најдобрите пет лиги во светот отскокнуваат уште триото на Јувентус Дибала-Игуаин-Квадрадо кое има постигнато 21 погодок во досегашниот дел од сезоната и триото на Валенсија Заза-Морено-Мина кои имаат 20 погодоци на своето конто.