По земјотресот во Ирак и Иран, два нови силни земјотреси во Јапонија и Костарика

Facebook
Twitter
Email
Print

По синоќешниот земјотрес на пограничниот премин помеѓу Ирак и Иран во кој настрадаа над 200 лица, институтите во светот јавуваат дека уште два поголеми земјотреси се забележани, едниот во Јапонија, другиот во Костарика.

 

Земјотресот регистриран на источниот брег на Јапонија бил со јачина од 5.8 степени според Рихтеровата скала и ја погодил областа на 351 километар источно од Сендаи на островот Хонсху, на длабочина од 9.5 километри.

 

Другиот земјотрес, со јачина од 6.5 степени по Рихтеровата скала го погоди брегот на Костарика, каде што за сега нема пријави за жртви. Земјотресот се случил југозападно од главниот град Сан Хозе, на длабочина од 20 километри.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи