Анализа на „Microsoft” и „LinkedIn”: 41% од вработените сакаат да ја променат кариерата


Податоците од најновиот извештај на „Microsoft”, Работниот тренд на индексот на „Microsoft”, покажуваат дека 41 % од работната сила размислува за драстична промена во кариерата следната година.

Оваа студија опфаќа информации од 30 илјади вработени ширум светот преку „Microsoft 365“ и „LinkedIn”.

„Нашето истражување покажува дека 41 % од глобалната работна сила веројатно ќе размисли да го напушти сегашниот работодавач во текот на следната година, 46 %  планираат да направат  транзиција во кариерата“, пишува во извештајот.

Повеќе од половина од вработените (54 %) рекле дека се чувствуваат преоптоварени. Виртуелните состаноци, е-пошта и пораките драматично се зголемија откако работата од далечина и хибридните методи станаа нова норма.

Сепак, менаџерите и носителите на одлуки се справиле многу подобро – 61 % од лидерите и високите извршни директори велат дека успеваат – 23 % повеќе од луѓето кои не се овластени да донесуваат одлуки. Истражувањата покажуваат дека ова веројатно се должи на низа фактори, како што е фактот дека вработените на високи позиции имаат поголема мрежа на професионална поддршка и можност да земат повеќе одмор.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира