Нејмар беше тема на летото со рекордниот трансфер од Барселона во ПСЖ, за 222 милиони евра, но изгледа му годи вниманието, па продолжи да ги полни насловниците. Сега искажува незадоволство од париската екипа, а тоа е покана за Реал Мадред да направи потег.
Не се тајна симпатиите на Реал Мадрид кон Нејмар, уште од времето кога играше во Сантос, во Бразил, меѓутоа тој ја одбра Барселона. Откако реши да си оди од Каталонците, Нејмар повторно стана примамлив за Реал, затоа Флорентино Перез планирал монструозна понуда за да го доведе.
„Гардиан“ денес открива дека Реал веќе прави план како да го убеди ПСЖ да го пушти Нејмар, кого го проценува на 400 милиони евра. „Кралевите“ се спремни покрај огромна сума на пари во Париз да ги испратат и двете свои ѕвезди, Герет Бејл и Тони Крос.
Во случај да пристигне ваква „луда“ понуда, раководните луѓе од ПСЖ секако ќе треба добро да размислат!